Телешка Чорба Стар Македонски Рецепт

Телешка Чорба Можете и дома да ја зготвите поубава и од Кафаните

Телешка Чорба Стар Македонски Рецепт

Состојки

  • 500 гр Телешко Месо од бут или врат
  • 1 кромид
  • 5 кромидче младо
  • 2 Моркови
  • Магданос
  • 1 Корен Целер
  • 2 Компири
  • 1 дл дл Масло
  • 2 дл Кисела Павлака
  • Сол Бибер Вегета

Начин на Приготвување

  1. кромидот исецкајте го на ситно и додајте го во тенгерето со предходно загреано масло и динстајте го да засвети па додајте го Месото кое сте го исецкале на ситни коцкици продинстајте го и додајте малку вода 1 до 2 цм. Динстајте го така еден саат на тивок оган.

  2. Исецкајте го и другиот зеленчук на ситни парчина и после еден саат додајте ги во тенгерето и зачинете го со сол вегета и бибер и налите 2 литри вода направете запршка со 2 лажици брашно и сето тоа заедно кувајте го уште половина час.
  3. Кога че ја извадете чорбата додадете ја киселата павлака и убаво промешајте ја па можете да ја сервирате
Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento