Go Back

Италијански рецепт за Паста со Тиквици

Состојки

  • 320 гр Паста-Макарони тестенини по избор
  • 2 Тиквици стредна големина
  • 1 чешне Лук
  • 1 Морков
  • Сол
  • 1 Фафаронче
  • Маслиново Масло
  • бутер - маслац

Начин на Приготвување

  1. Почнете најпрво со чистење на Тиквиците излупете ги и ситно исецкајте ги. Исто и Морковот излупете го и ситно исецкајте го

  2. Во едно тенџере зовријте вода и ставете ги тестенините-Макароните да се варат

  3. Во тоа време додека се варат тестенините ставете ги во една тава заедно маслиновото масло и Лукчето и Феферончето и динстајте ги 5 мин па додате им ги Тиквиците и Морковот.

  4. Динстајте ги па додадете малку вода од Макароните и динстајте околу 10 минути.

  5. Тестенините Макароните варете ги околу 8 до 10 минути и исцедете ги па додајте ги во тавата кај тиквиците и сето заедно мешајтего и додадете им бутер-маслац после 5 минути изгасете го оганот и продолжете да подмешувате уте 5 минути да се соединат вкусовите. Се служи одма додека е уште врено

  6.  Ова јадење можете да го служите заедно со печени шницли по избор Пилешки или Телешки. Кои претходно треба да ги приготвите па заедно да се послужат додека се врени.

  7. НАЗДРАВЈЕ