Во Македонија можете да купите на пазар многу убава Боранија иако секој ја сака нема идеа како убаво да ја приготви затоа еве едне рецепт како да приготвите Манџа од Боранија во тенџере за експресно варење.
Време за готвење10minuti
Време за Кувагње30minuti
Тотално време40minuti
Порции4
Состојки
300грМелено Месо
50грСвежа Боранија ( може и смрзната)
1поголем Морков
1Кромид
2чешнинаЛук
2длмелен Патлиџан
1лажицаПипер
2стредни Компири
50млМаслиново Масло
1/2литарВода
1лажицаисецкан Магданос
Сол, Вегета, Бибер
Начин на Приготвување
Земете едно тенџере за експрес варење и сипајте го Маслиновото масло може и обично и додајте го исецканиот лук, штом се загрее додајте го меленото месо и мешајте го па додајте го ситно исецканиот кромид и морковот и сето динстајте го 5 минути.
Тогаш додајте ги компирите исецкани како и за секоја Манџа на коцки и мешајте да се соединат па додајте ја Боранијата и сето тоа динстајте го.
Додајте сол и зацините Вегета и бибер а исто и Пиперот и сето мешајте го па додајте ги и Патлиџаните динстајте ги неколку минути и додајте ја водата.
Покријте го експресниот лонец и кувајте околу 30 минути одкако че почне да парее.
Кога е скувано отцкријте го и сипајте го исецканиот Магданос одозгора па можете да го послужите. НАЗДРАВЈЕ