Во едно тенџере ставете вода со сол и кога че зоврие додадете ги макароните па прокувајте ги 5 минути.
Пилешките гради исецкате ги на коцкички 3 до 4 цм посолете ги и забиберет ги.
Младото кромитче исчистете го и измијте го па исецкајте го.
Во една тава загрејте го маслиновото масло со лукот па кога е загреано лукот можете да го извадите и додајте ги пилешките гради па динстајте ги да зацрвенат од сите страни.
Коцката супа ставете ја во 250 мл вода и прокувајте да се стопи.
Младото кромитче додајте го во месото и заедно динстајте го малку па додајте ја водата од супата и слатката павлака па оставете да прокува сето да се соедини околу 6 минути.
Мини патлиџаните очистете ги исечете ги на мали парченца и додајте го во месот. Макароните процедете ги и додајте ги и тие во месото па сето посолете го и забиберето го по ваш укус.
Земете една огнеотпорна тепција стклена или порцеланска а може и обичен плех па премачкајте ја со масло или бутер. Сипјте го месото и макароните и одозгора прекријте го со ренданиот Кашкавал по ваш избор.
Ставете го во претходно загреана рерна на 220 степени и печете го 15 минути. кога е готово извадете го и посипајте го со сецкан магданос.
Ова јадење се сервира одма затоа што брзо се лади. НАЗДРАВЈЕ