Go Back

Броколи со Шампигнони Печурки

Броколи се моментално прогласени за многу здрава храна полна со желези и други витамини а заедно со Печурки ја зголемуваат својата вредност на здрава храна.

Состојки

  • 400 гр Броколи
  • 300 гр Печурки Шампигнони
  • 400 гр Макарони
  • 1 чешне Лук
  • рендан Кашкавал или Моцарела
  • Магданос
  • 1 феферонче
  • Маслиново Масло
  • Сол, Вегета

Начин на Приготвување

  1. Најпрво исецкајте ги Броколите и измијте ги во солена вода преплакнете ги и ставете ги во едно тенџере со вода да се подварат.
  2. Очистете ги Печурките отстранете им го долниот дел од коренот и пресечете ги надолжно на тенки листови,
  3. Во една тава сипајте една лажица МАслиново масло и додајте го фафаронцето и лукот цел не пресецен само очистен и продинстајте ги заедно.
  4. Додајте ги Печурките исечени на листови посолете ги и оставете ги да се динстаат 10 минути
  5. Во едно тенџере со солена вода и зовриена ставете ги Макароните да се куваат 
  6. Во тавата со печурки после 10 минути додадете ги Броколите и посолете ги повторно и оставете ги да се динстаат уште 10 мин, изгасете ја ринглата и додајте го Магданосот и промешајте ги. 

  7. Макароните процедете ги и додајте ги во тавата па сето тоа измешајте го и додадете малку масло или Путер па мешајте ги па можете дирекно во тањири да ги сервирате а одозгора да ги посипате со рендан Кашкавал