Другиот ден земете една голема шерпа за варење Ајвар и во неа сипајте пола литар масло да се загрее и потоа сипајте ги мелените Пиперки па почнете да мешата и постепено штом почне да врие додавајте по малку масло така да при мешање маслото че го снемува.
додајте прво една чаша шечер и мешајте па додајте Пола чаша киселина и продолжете нон стоп со мешање и додајте пола чаша сол постепено пробајте дали е по ваш укус и додајте сол по потреба затоа што не се исти сите пиперки,.
Ајварот варете го се додека не почне да свети и почне убаво да мириса на Ајвар пазете да не биде преварен и да го испушти маслото, Значи штом засвети тоа е знак дека почнува да го исфрла маслото и одма вадете го.
За да го вакумирате Ајварот потребно е теглите да се обвијат во новини хартии и да се стават во шерпа со вода па да се зовриат околу 20 минути. и се завиткуваат во крпа и тогаш се вакумирани