Компот од Дуни

Компот од Дуни едноставен брз рецепт

Состојки

  • Дуни
  • Шеќер
  • Вода

Начин на Приготвување

  1. Количината на состојките за овој компот не е одредена затоа што многу е едноставен и можете да направите колку сакате.
  2. Во стаклена тегла ставете до пола вода па додадете 3 лајци шеќер и дополнете ја со парчина од дуни кои треба да ги пресечите на четвртасти парчина.
  3. Затворете ја теглата и превиткајте ја со хартија па ставете ја во тенџере со вода па зоврите ја водата и нека варат 20 минути па извадете ја 
  4. После превиткајте ги во кебе нека постојат да оладат и тогаш се вакумирани спремни да ја чекаат зимата