Сабајлето исцедете ја водата од Гравот и додадете друга вода па ставете го тенѓерето да вари штом почне да вари смалете ја температурата и нека вари околу саат и половина со додавање на топла вода но да нема многу вода затоа е потребно да се нагледува.
Сабајлето исцедете ја водата од Пастрмата која одстоила вечерта и се одсолила , додадете нова вода и малку проврите ја па и таа исцедете ја и додадете топла вода да биде покриено месото целосно околу половина на тенѓерето оставете да проврие и намалете ја температурата и така пастрмата нека вари на тивко еден саат и половина со додавање на топла вода секогаш да биде покриено целосно месото