За да ја подготвите оваа чорба од Авокадо со јогурт пресечете ги Авокадата на половина и извадете го стредишното коскено топче, Излупете го и пресечете го на поголемки парчина и ставете ги во еден поголем сад и препрскајте ги со лимоновиот сок инаку бргу почнува да менува боја
Во садот кај Авокадото додадете го и јогуртот и промешајте нежно па ставете го садот под Миксер и додадете 3/4 од супината вода па миксајте го долго со мали прекини да се добие една убава чорбеста смеса регулирајте го за сол по ваш вкус и додадете малку бибер. Смесата ставете ја во сад за супа и одозгора ситно изрендајте малку од кромидовите перја па ставете го во фрижидер малку да се олади, оваа чорба се јаде ладна.