Go Back

Баба Марта Има ли вистина

Ние постарите вака ја паметиме вистината за Баба Марта: тоа се случува во првите денови од Април кога денот почнува да е поголем и зимата сигурно заминала но тоа е по стариот календар што значи Март завршувал на денешен 12 Април а на 13 април денешен одпочнувал Април. Така Бабата тргнала со своите Кози во планината да ги напаси и кога се качила на врвот им рекла на козите циц козице на височе прдниму на Марта во брадата зашо си замина а со него и студот и мразот.

Кога Март тоa го слушнал многу се налутил и се обратил до Април со зборовите : Априле лиле мој побратиме позајми ми 3 дена да ја смрзнам Бабата во планината. Април како побратим му позајмил на Март 3 дена а тоа се денешните 13. 14. 15 Април. И така Март ја замрзнал Бабата и козите во планината.

Затоа останало и до ден денеска да се очекува тие три дена да залади а и да смрзне па многу посеви и овошки можат да се смрзнат и да го изгубат плодот. Па затоа на вас останува да проверувате кога че дојдат овие денови па да заклучите дали има вистина во ова старо кажување. значи треба да процветаат овошките