Go Back

Ориз со Тиква

Состојки

  • 320 гр Ориз
  • 600 гр Тиква
  • 1,5 л Вода од супина коцка
  • 50 гр Путер
  • 20 гр Маслиново масло
  • 80 гр Пармигано
  • 100 гр Кромид
  • Сол, Бибер, Вегета

Начин на Приготвување

  1. За подготовка на ова вкусно јадење отпочнете со кување на супина вода која се подготвува со една коцка супа вегетална со 1,5 лири вода,оваа вода че ни послужи за кување на Оризот.
  2. Додека проврие водата, земете ја Тиквата и олупете ја па исецкајте ја на ситни парченца, истото направете го и со кромидот. 

  3. Во една тава загрејте го маслиновото масло и додајте го кромидот па на тивок оган динстајте го 10 минути па додајте ја и ситно исецканата тиква па промешајте да се соединат со кромидчето претпазливо да не се запече после некоја минута додадете и малку од водата.
  4. Оризот оплакнете го со вода и исцедете ја водата па ставете го во една загреана тава без додавање на течност па мешајте да се омекне и да засветли околу 2 до 3 минути на тивок оган и цело време мешајте да не запече.
  5. Тиквата која се подгрева заедно со кромидот постепено мешајте и додавајте од водата па така кога целата вода сте ја додале и се заврила додадете го и вака подготвениот ориз па сето заедно мешајте го да се соединат вкусовите, за да се приготви оризот че му требаат минимум 20 минути затоа да пазете да не се подпече. Пред крај додадете го Биберот и сол и вегета да се добие вкусот кој вам ви се бендисува. значи после 20 минути извадете ја тавата и ставете го Бутерот одозгора па промешајте да се стопи а исто и Пармиганото изрендано додадете го заедно со бутерот (буро).па внимателно промешајте да се добие конпактна сосојка. На крај ако сакате да не биде многу суво можете да додадете од супината вода малку. Сето тоа оставете го некоја минута да се соедини па послужете се