Go Back

Макарони со Броколи и мелено месо во фурна

Состојки

  • 400 гр Макарони
  • 300 гр мелено јунешко месо
  • 1 Броколи
  • 1 Пана за кување
  • рендан пармигано
  • рендана моцарела
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 лажица пире од домати
  • маслиново Масло
  • 1 чешне лук
  • кесичка додаток за Броколи со макарони
  • сол вегета бибер и малку пипер црвен

Начин на Приготвување

  1. Најпрво Броколите исецкајте ги и ставете ги во ладна солена вода да отстојат 10 минути па убаво исплакнете ги. ставете ги во тенгере со малку вода и вегета да провриат околу 5 минути.
  2. Исецкајте ги Кромидот Морковот и лукот, во една поголема тава ставете маслиново масло и додадете го најпрво лукот да земе мирис со маслиновото масло па додадете ги кромидот и морковот па малку да продинстајте и одма додадете го меленото месо па сето убаво промешајте го да се добе еднаквост. Додадете ги и броколите. А кесичката со прашак за броколи промешајте ја со 2 деци вода и неја додадете ја во месото па на крај додадете и една лажица пире од домати.
  3. Во мегувреме ставете во едно тенгре вода да зоврие и ставете во неа една лажица сол па штом проврие ставете ги Макароните да провриат околу 5 минути да не бидат доварени па извадете ги малку да оладат.
  4. Земете една огнеотпорна тепција дал од керамика или стаклена па убаво премачкајте ја со путер или масло па сипајте половина од морковите па сипајте пана одозгора и стаевете го меленото месо со броколи па сипајте малку рендан пармиган и моцарела, повторно сипајте ги одозгора останатата половина на макароните  одозгора повторно сипајте доста пармиган и моцарела а може и било кој кашкавал 

  5. Ставете го вака приготвеното јадење ставете го во фурна на 200 степени околу 30 минути   послужете го одма и повторно можете одозгора да изрендате пармиган