Go Back

Необичен Гулаш

Необичен Гулаш Македонска традиционална кујна стар рецепт. Може да се сервира и само гулаш но најубаво е во комбинациа со Пире од компири или со куван ориз

Состојки

  • 500 гр Мелено месо
  • 1 Кромид
  • Магданос
  • 2 Големи Лажици пире од домати (Качап)
  • 1 Пиперка Црвена
  • 1 Пиперка Жолта
  • 300 гр Течна Павлака
  • Сол Бибер Вегета
  • Масло
  • Презла
  • 1 чешне Лук
  • Брашно
  • 1 Морков

Начин на Приготвување

  1. Најпрво исецкајте го кромидот и лукот па во еден длабок сад ставете го месото и додајте ги кромидот, лукот исецкан магданос, Јајце, Масло, пирето од домати и три лажици презла.Сето ова замесетего и направете малечки топченца.
  2. Земете една поголема и длабока тава ставете масло и на тивко испржете ги претходно приготвените топчина од месо (чофтина).Кога малку че зацрвенет додајте додајте ја течната павлака и исецканите пиперки и морков (исецкани по ваша желба покрупно или поситно)

  3. Да се кува се додека не омекнат пиперките а одозгора убаво е накрај да додадете исецкан магданос.
  4. Може да се сервира и само гулаш но најубаво е во комбинациа со Пире од компири или со куван ориз. Наздравје