Go Back

Ќурка во Фурна со Компири и Печурки

 Месото од Ќурка е нискокалорично и полно со протеини и железо затоа е многу битно во вашата исхрана 

Состојки

  • 2 Батаци од Ќурка заедно со карабатак
  • 400 гр Печурки
  • 400 гр Компири
  • 2 чешнина лук
  • маслиново масло
  • сол,вегета

Начин на Приготвување

  1. Батаците измијте ги со врена вода и извадете ја кожата олупетеги и осушете ги со салфета. олупете го лукот и масирајте го месото .
  2. Олупете ги компирите и исецкајте ги на квадратести парчина и исто така печурките исецкајте ги на квадратести парчина и ставете ги во една тава со Маслиново масло и испржете ги малце може да додате малку босилек 
  3. После неколку минути ставете ги во една тепција и одозгора ставете ги Ќуркините батаци
  4. ставете ги во фурна на 180 степени да се испечат ,потребно е најмалку 50 минути, ова јадење се сервира одма додека е врело Наздравје