Go Back

Шведска салата од Компири

Состојки

  • 1,5 кг Компири
  • 6 Кисели Краставици
  • 1 кромид
  • 1 лажица мускатно оревче
  • 8 крупно сечени кувани јајца
  • четврт лажичка Кари прашак
  • Мајонез
  • сол

Начин на Приготвување

  1. Компирот излупете го и исечете го на парчиња, ставете го да се кува и додадете сол. После 20 минути извадете го и оставете го да се олади.

  2. Киселите краставици ситно исецкајте ги и ставете ги во еден поголем длабок сад стаклен или пластичен

  3. Кромидот исецкајте го ситно и додадете го во садот со краставиците. Додадете ги и оладените компири, па мускатното оревче (1 лажичка изрендано оревче). Четврт лажичка Кари прашак и Мајонезот ( по потреба ставете и повеќе од Мајонезот ) додајте ги 8 крупно сечени кувани јајца, сето тоа добро промешајте го да се соединат сите состојки. Прекријте го со соодветен најлон за останување свежо (во ротули се набавуваат како алуминиумската фолиа) така прекриена салатата оставете ја во фрижидер да отстои барем еден саат пред да ја послужите