Кромидот или Празот по ваша желба исецкајте го на ситно а исто и морковот па додајте ги во Тенџерето со маслото и малку пропржете ги да омекнат па додајте ја зелката и ловоровиот лист посолете и додајте зачин Вегета и динстајте па додадете малку вода и прекријте го варивото да се вари.Исто и компирите исецкајте ги на коцкички не поголеми од 2 цм и додајте ги во варивото па промешајте ги убаво.
пиперката исецкајте ја на ситни четвртасти парченца и после десет минути додадете ги во варивото и промешајте ги па прекријте пофторно.
Пред крај штом зелката и компирот се варени направете запршка со Кромид, Пипер и Брашно'. Сипајте ја Запршката, исто и магданосот ситно исецкан во варивото, промешајте и оставете да зоврие пробајте дали е по ваш укус за солено и по потреба додајте. Штом проврие со Запршката извадете ја оставете да се олади малку пред да ја послужите оваа укусна Зелка без Месо.