Компирот ставете го во ладна вода и кувајте го тивко 25 до 30 мин
Исецкајте го ситно Кромидот и ставете го во тенџере со 2 лажици Масло да се малку продинста па додате малку супина течност од мешан зеленчук. Одстранете го од топлото и додадете го оцетот киселината, сол бибер еден прстофат шеќер и сенф
Исцедете го Компирот и оставете го да испарее па олупете го исечете го на округли парчина 5мм. Ставете ги во големсад и додадете ја останатата супина течност, оставете го 30 минути да компрот впие од супината течност.
Компирот промешајте го нежно и додадете ги преостанатите 4 лажици масло и промешајте.
Одвојте ги листовите на магданос и убаво иситнете ги додадете го во компирот додадете ги и другите промешани состојки и убаво нежно промешајте пазејќи да не се растури компирот.