Зимница Руска Салата
Зимница Руска Салата или може да се нарече салата од мешани зеленчуци која е многу укусна со сите Македонски традиционални јадења
Состојки
- 1 кг Краставички
- 1 кг Моркови
- 0,5 кг Зелени Патлиџани
- 0,5 кг Зелени Пиперки
- 1 кг Карфиол
- 1 кг Зелка
- 750 мл Бела Киселина
- 250 мл Вода
- 150 гр Крупна Сол
- 250 гр Шеќер
- 0,5 л Масло
- 1 кесичка Бибер во Зрно
Начин на Приготвување
-
Најпрво добро измијте ги Краставичките, Патлиџаните и Пиперките
-
Морковите измијте ги и добро очистете ги па пресечетеги на крукчина
-
Во големо тенџере ставете ги најпрво исечените Моркови
-
Краставичките исто исечетеги на крукчина и ставете ги изнад морковите во големото тенџере
-
Потоа ставете ги исечканите Пиперки и Патлиџани
-
Карфиолот очистете го и одвојте го на ситни цветови али дршката пресечете им ја и ставете ги изнад патлиџаните во тенџерето
-
Зелката очистете ја и исецкајте ја на сито па ставете ја одозгора над карфиолот
-
Во друго тенџере ставете ја водата и солта да се стопи па додајте ја киселината, шеќерот, маслото и биберот па кога че зоврие сипајте го изнад зеленчукот во другото тенџере да се попари
-
Оставете го да стои 15 мин поклопено
-
Исцедете ја течноста пофторно во другото тенџере каде ја кувафте и пофторно зоврете ја и попарете го зеленчукот по втор пат
-
Оставете ги пофторно поклопени со поклопец 15 минути па уште еднаш исцедете ја течноста назад во другото тенџере па пофторно прокувајте ја течноста солилото.
-
По третиот пат попарување поклопете го тенџерето и оставете го да преноќи или додека потполно не се олади.
-
Насабајле промешајте ја салатата и полните ги теглите но не затворајте ги се до вечерта да налегни и да се додаде од течноста па затворете ги теглите
-
Содржината на солилото е доволна за 4 до 4,5 кг зеленчук па затоа по ваш избор можете да го комбинирате зеленчукот
Please follow and like us: