Чорба од Броколи

Потребни Состојки:
-250 гр Броколи свежи
-1 Морков
-1 Кромид стреден
-3 печурки
-Малку Путер и Масло
-1 кесичка за чорба супа од Аспараѓи или Броколи
-Сол и Вегета
Начин на припремање:
-Броколите да се исечат на поситни парчина да остане само најдебелото стебло другото целото и да се стават во пластичен сад да се наполни со вода и да се стави една лажица сол за да се очисти се остава 10 минути потоа се плакне.
-Печурките исто да се исечат на ситни парчина и да се стават во истата вода со броколите.
-Морковот да се излупи и да се исече на ситни парчина и да се стави во тенѓерето.
-Кромидот да се исече на ситни парчина и да се стави и тој во Тенѓерето, му се додава Масло малку и малку путер.Се става на ренглата и малку се динста па му се додаваат Броколите и Печурките кои претходно треба да ги исцедиме. Малку се динста и му се додава 1 чаша топла вода  една лажица Вегета и малку сол па се остава да вари.
-Во посебен тањир се истура кесичката од Аспараѓи супата и со една чаша вода не загреана па се меша да снема грутки.
-после 15 минути варење во Броколите се додава врела вода 800мл па се остава да завари и тогаш му се додава смесата од Аспараѓите. Сето тоа се остава да вари околу 15 минути. По вкус можете да додадете сол или вегета.
-Оваа супа (чорба) не само што е многу укусна таа е и многу здрава за нашиот организам.
НАЗДРАВЈЕ

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*