Чорба со Тиквици е исто така и витаминска Чорба која секој треба да ја сака присуството на големо количество вода , висока сварливост и нискокалорична доза на тиквички го прават овој зеленчук идеален сојузник за нискокалорични диети
Чорба со Тиквици
Состојки
- 4 Тиквици
- 3 чешнина Лук
- 1 лит Вода од Вегетална коцка супа
- 2 Кромид
- 4 Лажици Маслиново Масло
- Сол,Бибер и Вегета
Начин на Приготвување
-
Најпрво убаво измијте ги Тиквиците и пресечете ги на тенки кругови.
-
Исецкајте го Лукот и Кромидот па ставете ги во едно тенџере со претходно пригреано Маслиново масло, динстајте ги да почне Кромидот да засветува и додајте ги Тиквиците па динстајте се заедно неколку минути, не пократко од 5 мин.
-
Додајте ја супината вода која предходно сте ја спремиле и прогреале, оставете да зоврие па варете околу 10 минути.
-
Ова јадење сервирајте го веднаш додека е врело. Наздравје
Please follow and like us: