Ориз со Мелено Месо

Ориз со Мелено Месо

Ево еден рецепт за приготвување на едноставен и брз ручек, многу сакам да го приготвувам едноставно речено супер е.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 500 гр мелено Месо
– 1 дл Чаша полна со Ориз
– 1 Морков
– 1 Кромид
– 50 мл Масло
– 1/2 лажица црвен Пипер
– Сол, Вегета, Бибер по свој укус

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
– Најпрво исецкајте ги кромидот и морковот и ставете ги во една поголемка тава во која сте го стоплиле Маслоти. Динстајте ги додека Кромидот засвети и додајте го Месото и сето заедно динстајте го додека месото ја смени бојата и почне да се собира.
-Оризот убаво очистете го и измијте го со ладна вода па процедете го и додајте го во месото па сето добро промешајтего и додадете му Сол, Вегета, Бибер и Пипер сето тоа добро промешајте го и динстајте го околу 5 минути па додајте му една чаша топла вода па оставете сето да се кува се додека Оризот биде куван по ваша желба некој го сака повејче куван некој помалце затоа додадете вода спрема желбата. Овде да напоменам дека ако имате желба можете да додадете и малку шампињони.
– Готовото јадење се служи после 5 минути ладење.
НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento