Посен Тетовски Грав омилен Македонски стар рецепт

 

испечати

Посен Тетовски Грав омилен Македонски стар рецепт

Состојки

  • 500 Гр БелТетовски Грав
  • 1 Главица Кромид
  • 2 чешнина Лук
  • 1 сува Пиперка (може и лута по желба)
  • Сол, Вегета, Бибер по желба

Начин на Приготвување

  1. Навечер ставете го Гравот во тенѓере со вода да одстои преку Нојќ
  2. Сабајлето исцедете ја водата и ставете нова ладна вода па ставете го да проврие па и таа вода исцедете ја фрлете ја па налијте млака вода во гравот и ставете малку масло во гравот па оставете го да се кува на тивко.
  3. Кога че проврие водата ставете го Кромидот сувата Пиперка и лукот и посолете го .

  4. Гравот нормално треба да се скува за сат и пол до два саата на твки оган со додавање вода
  5. Некаде после еден и пол саат земете еден поголем сад па во него извадете го кромидот пиперката и малку грав и додадете вегета па сето тоа убаво издробете го да се добие една кремаста состојка која че ја вратите во Гравот па заедно нека се кува барем уште половина саат за да се згусти
  6. За оние кои не можат без Месо можете да испржите во една тава и месо по ваш избор кој се служи покрај Посниот Грав

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*