Најпрво убаво измијте ги Тиквиците и пресечете ги на тенки кругови.
Исецкајте го Лукот и Кромидот па ставете ги во едно тенџере со претходно пригреано Маслиново масло, динстајте ги да почне Кромидот да засветува и додајте ги Тиквиците па динстајте се заедно неколку минути, не пократко од 5 мин.
Додајте ја супината вода која предходно сте ја спремиле и прогреале, оставете да зоврие па варете околу 10 минути.
Ова јадење сервирајте го веднаш додека е врело. Наздравје