Тврдо варени Јајца
Состојки
- 5 Јајца
- сол
Начин на Приготвување
-
Овој рецепт е за да немате проблем со лупење на варените јајца.
-
Ставете ги Јајцата во еден сад за варење но да не биде голем ниту многу мал убаво е да бидат во еден ред поставени, сипајте им пола лажичка сол па сипајте им вода да бидат јајцата прекриени со вода.
-
Одкако водата почне да вари варете ги 12 до 15 минути, после тоа иѕвадете ги и одмијте ги со ладна вода и одма истурете ја водата вратете ги на ринглата 1 минута и покријте ги со Кујнска салфета па ставете го садот прењкриен на ладна рерна и оставете ги да се оладат јајцата .При вакво варење Јајцата добиваат многу убав вкус и лесно се лупат.
-
Никогаш немојте варените Јајца да ги оставате во ладна вода.
Please follow and like us: