Новогодишна Трпеза Печена Мисирка или Патка

Новогодишна Трпеза Печена Мисирка или Патка

Состојки

  • 1 Патка/Мисирка
  • 1 Леб
  • 350 мл Млеко
  • Сол, Вегета, Бибер
  • 1 Кромид
  • 1 тацна Магданос исецкан
  • 2 лајци Бутер
  • 3 Јајца

Начин на Приготвување

  1. Лебот исецкајте го ситно додадете 1 лажичка сол па измешајте го со млекото и оставете го 15 минути да повлече.

  2. Кромидот на ситно исецкајте го па ставете го во поголем сад додадете го бутерот стопен, магданосот, 1 лажичка бибер и јајцата на крај се додава исецканиот леб и сето тоа измесете го да се добие смеса како за чофте.

  3. Патката /Мисирката измијте ја добро со варена вода и одвнатре и однадвор па добро осушете ја со кујнска салфетка. Направете мешавина од сол ,вегета и бибер па убаво посолете ја и одвнатре и однадвор. Наполнете ја со смесата претходно подготвена и убаво затворете ја со чачкалици и кунски конец. Патката/Мисирката ставете ја свртена на стомак на решетката (на жицата), а испод неја ставете ја тепцијата во која треба да сипате 1 чаша солена вода.

  4. Рерната најпрво да биде на 140 степени па печете ја 2 саати, потоа завртетет ја и печете на 160 степени уште еден и пол саат. Таа одвнатре че биде сочна па немора да ја подмачкувате одозгора.

  5. Од сместа која ви остана направете голем Чофтина и ставете ги во солена вода па така да ги послужите заедно со месото.

  6. Извадете ја Патката и одстарнете го кујнскиот конец и чачкалиците па со кујнски ножици одсечете ги најпрво нозете па градите и направете убави парчина месо за да ги послужите заедно со смесата и чофтината.

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento