Сите сакаат Лазањи, затоа ви претпорачуваме да ја пробате оваа нова верзија со Тиква.
Лазањи со Тиква
Состојки
- 1 пакетче Лазањи
- 1 кг Тиква
- 500 гр мелено месо
- Бешамел
- 400 гр Полпа од домати
- 100 гр Пармигано рендано
- 1 Кромид
- 1 Морков
- Сол Бибер вегета
- Маслиново Масло
- 1 чешне Лук
Начин на Приготвување
-
Како прво Тиквата поделете ја на 4 дела .Олупете ја и исчистете ја од семките. На еден плех ставете хартија за кување и поредете ги парчината од тиквата посолете ги и забиберете ја ставете ја во фурна на 200 степени и печете ја 30 минути. Кога е готова оставете ја да се олади па направете полпа од тиква во миксерот додате малку Пармиган рендан и миксајте се заедно.
-
Исецкајте го Кромидот, Морковот и Лукот. Во една поголема тава ставете Маслиново Масло додате го најпрво лукот продинстајте да омекне лукот па додадете го меленото месо повторно динстајте да се соединат па додадете ја полпата од домати и сето убаво динстајте го додадете и сол и вегета малку бибер
-
Во едно Тенгере со солена вода ставете ги лазагњите и нека проврие малку, Земете една тепција пригодна за лазагњи, Одоздола премачкајте ја со бутер па ставете ја Бишамелата и поредете еден ред Лазагњи па еден ред полпа од тиква па еден ред од месото па така повторете повторно се додека имате сосотојки а одозгора посипајте ја со пармигано. Сето тоа ставете го во загреана фурна и печете ја 30 минути.
-
Извадете ја и оставете ја малку да олади па послужете ја.Наздравје
Please follow and like us: