Плескавиците се секогаш на трпезата при секоја прилика на грилање дали за празник или за некоја прослава, еве овде конечно еден рецепт кој многу ресторани не сакаат на сите да биде достапен
Состојки
1кгЈунешко Мелено Месо
100грОвчо Мелено Месо
2Големи Главици Кромид
2Чешнина Лук
1,5длКисела Вода
1ЛажицаСода Бикарбона
Сол
Бибер
Вегета
Начин на Приготвување
Плескавиците се секогаш на трпезата при секоја прилика на грилање дали за празник или за некоја прослава, еве овде конечно еден рецепт кој многу ресторани не сакаат на сите да биде достапен
Исецкајте го Кромидот и Лукот на ситно и ставете ги во еден пластичен длабок сад
Додајте го Месото и замесете го заедно со Кромидот и Лукот
По замесувањето додадете ја киселата вода и сода бикарбона па заедно месетего 10 минути
После тоа додадете ги и другите зачини сол ,бибер и вегета и продолжете да месете се додека смесата не почне да се одвојува од садот
Ставете ја смесата во фрижидер да отстои 5 часа
После тоа извадете ги и најпрво направете топчина па обликувајте ги плескавиците со дебелина околу 8 мм
Печете ги на скара или во тава само не додавајте мрсноча
препорачливо е на истата скара да се подпече и лебот