Рецепт за Војнички Грав од ЈНА се сметаше дека е војна тајна сите кои служеле војска засекогаш им останал во сеќавање. Еве овде рецепт како да го приготвите и повторно да ви се вратат сејќавањата назад.
Калории583kcal
Состојки
120грГрав
8грБрашно
1Морков
1Кромид
1Сушена Пиперка
1чешнеЛук
Мас или Масло
1лажица Пипер
2Ловоров Лист
Сол, Бибер, Вегета
Начин на Приготвување
Одбраниот Грав ставете го во ладна вода пазете да има доволно вода да не остане сув затоа што гравот така треба да отстои 3 часа па да не ја испие целата вода.
После три часа исцедете ја водата и ставете го гравот во тенџерето со ладна вода и кувајте го 15 минути.
После 15 минути кувајње повторно исцедете ја водата и додајте врена вода и половина исецкан Кромид, оставете го да кува со повремено додавањње на топла вода.
Сушената пиперка треба 2 саати да биде потопена во ладна вода со ловоров лист.
Кога че биде Гравот напола варен другата половина од кромидот исецкан и заедно со Морковит испржете ги и додајте ги во гравот без мрсночата заедно и сувата Пиперка и Ловоров лист.
Преостанатата Мрсноча загрејте ја и додајте го Брашното кога Брашното че порумени извадете го и додајте го ситно исецкан Лукот и пиперот промешајте го и додајте во Гравот
Кога гравот че омекне додајте Вегета и сол претходно испробајте колку е солено.
На крај направете традиционална Запршка и додајте ја во Гравот па кувајте ја заедно 30 минути. Кога е готов о извадете го и додајте одозгора Магданос
Ваков Грав можете да го служите како самостално јадење или со било какво месо
Најважно за гравот е дека не смее да се меша се до запршката