Да се земе еден Аван за толчење и да се стави прво Лукот со малку сол па да се иступа со тупалото
пиперките малку да се подварат и да се олупат да се ивади само меснатиот дел и да се стави во аванот па повторно да се иступа.
Компирите да се сварат и да се изгнечат убаво па да се додадат и тој во Аванот сето да се измеша и да се додаде путерт(маслац) масло и бибер сето добро да се измеша па готово е за служење.
Ова Макало може да се служи со секое јадење а идеално е за со печено месо на скара.