Најпрво исецкајте го Кромидот и ставете го во една поголема тава со масло да се динста и го сецкаме Лукот внатре во кромидот сето заедно го динстаме малку.
Го додаваме исецканиот морков и динстаме и одма го додаваме меленото Јунешко месо и малку вегета и бибер додаваме па целото го мешаме.
Кога смесате е малку оладена почнуваме да ги полниме листовите од зелката со лажица и ги мотаме убаво така да прво од двете страни се префрла над смесата па се мотаат за да не може при кување да се растури. Така завитканите сарми ги ставаме во Тенџере да бидат збиени за да не се растураат, Претходно на дното од тенџерето ставаме насецкана зелка за да не ни се залепат сармите.