Во едно тенѓере ставете вода со сол да зоврие и додадете ги тестенините да се куваат кувајте ги 1 минута помалку од предвиденото на конфекцијата. Исцедете ги и оладете ги под вода ладна. И истурете ги на една сува крпа да се осушат па ставете ги во еден сад со 2 лажици Маслиново масло и промешајте но тестенините да останат одвоени.
Сега спремете го Авокадото пресечете го наполовина и извадете го коскеното топче од стредината па пресечете ги на ситно па ставете ги во садот заедно со тестенините и додадете лимонов сок кој сте го процедиле,
Додадете во садот уште 2/3 лажици Маслиново масло ,еден прстофат бибер и еден прстофат оригано,тука можете да додадете и малку чили за оние кои се љубители на луто. Сето тоа да се промеша убаво во садот за да се добие една убава смеса но внимателно да не бидат тестенините згмечени па сервирајте го ова вкусно јадење кое брзо се приготвува .. наздравје.