Go Back

Ролати од мисирка во рерна

Состојки

  • 700 гр шницли од мисирка
  • маслиново масло
  • сол и бибер

потребни состојки за полнење прва верзија

  • 350 гр салама
  • 500 гр спанаќ
  • рендан кашкавал ...пармигано
  • 30 гр буро

потрбни состојки за втора верзија

  • 350 гр салама
  • 500 гр шампињони печурки
  • 1 чешне лук
  • 1 гранче рузмарин

Начин на Приготвување

Ова е едноставен рецепт за неделниот ручек или за празници, нова година и слично

  1. За првата верзија Спанаќот треба детално да го измиете и да ги отсранете шишарките. Потоа зовријте го во солена вода па добро исцедете го и ставете го во тава со стопеното буро регулирајте го за сол додадете и бибер па малку испржете го и оставете го да олади.

  2. За втората верзија исецкајте ги шампињоните на коцки ставете ги во тава со масло и лукот исто и гранчето од рузмарин. регулирајте ги за сол и бибер промешајте неколку минути па извадете ги да оладат.

  3. Шницлите од Мисирката /чурка/ можете да ги исчукате со кујнски дрвен чекан да се рашират и прво ставете од саламата па одозгора од смесата која сте ја одбрале а одозгора посипајте ги со рендан кашкавал. Убаво распоредете ја смесата и направете ролади можете на крај да ги врзете со кујнски конец или чачкалици за да не се отворат.

  4. Во еден огнеотпорен сад стаклен или керамички ставете Маслиново масло и најпрвин испржете ги од сите страни па покријте ги со капак или алуфолиа, Во овој момент ставете ги во рерна на пониска температура и печете околу 30 минути па отцкријте ги оставете ги малку да добијат црвена боја.

  5. Можете да го сервирате ова јадење придружено со компири испечени во ренгла или ориз.