Go Back

Какао торта

Што е Dessert, десерт
Од каде е Турска
Време за готвење 15 minuti
Време за Кувагње 30 minuti
Тотално време 45 minuti
Порции 15 порции

Состојки

Тесто

  • 3 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша масло
  • 2 лажици какао
  • 1,5 чаша брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер

Сос

  • 2 чаши млеко
  • 2 лажици какао
  • 4 лажици масло

Начин на Приготвување

Подготовка на смесата

  1. Почнуваме со матење на јајцата и шеќерот.

  2. Ги додаваме млекото и маслото и продолжуваме со матење.

  3. На страна во еден длабок сад ги мешаме брашното, пецивото и ванилиниот шеќер.

  4. Потоа го додаваме садот со брашното во садот со јајцата и матиме се додека не се соедини.

  5. Изматената смеса ја ставаме во правоаголна тепсија која веќе сме ја премачкале со масло.

  6. Ставаме да се печи на 180 степени околу 30 минути.

Подготовка на сосот

  1. Во еден огноотпорен сад го ставаме млекото маслото и какаото и го ставаме да се вари

  2. Кога ќе се свари сосот го прелеваме веќе испеченото тесто.