Гравот добро измијте го и ставете го да се вари додека почне да зоврива па извадете го и исцедете го, налијте врела вода и оставете го да се вари додека не омекне, потоа исцедете го.
Кромидот излупете го и ставете го во ладна вода да одстои десетина минути. Потоа исечете го на тенки кругови и испржете го во масло да зацрвени малку. Додадете го црвениот пипер, бибер и сол па измешајте го сето.
Тепсијата подмачкајте ја со масло и ставете еден ред грав па еден ред испржениот кромид. Поновете го процесот но најгоре последно да завршите со грав и одзгора ставете ловоров лист и двата лука исецкани. По желба најгоре можете да ставите лута пиперка . Преку сето тоа сипајте го останатото масло.
Ставете го во фурната и печете го половина саат Наздравје.