Македонски рецепт за Макало

Македонски рецепт за Макало

Состојки

  • 6 Суви Пиперки ( по желба слатки или лути)
  • 4 Компири
  • 5 чешнина Лук
  • Масло
  • Путер
  • Сол и Бибер

Начин на Приготвување

  1. Да се земе еден Аван за толчење и да се стави прво Лукот со малку сол па да се иступа со тупалото 
  2. пиперките малку да се подварат и да се олупат да се ивади само меснатиот дел и да се стави во аванот па повторно да се иступа.

  3. Компирите да се сварат и да се изгнечат убаво па да се додадат и тој во Аванот сето да се измеша и да се додаде путерт(маслац) масло и бибер сето добро да се измеша па готово е за служење.
  4. Ова Макало може да се служи со секое јадење а идеално е за со печено месо на скара.

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*