Рецепт за Тулумби

 

испечати

Рецепт за Тулумби

Тулумбите се дојдени Во Македонија многу одамна некои веруваат уште пред Турците но сепак тие најдобри тулумби прават и секогаш се присутни на нивните трпези. Еве овде еден рецепт како да направите вистински Тулумби како во слаткарница.

Состојки

  • 500 мл Вода
  • 500 гр Меко Брашно
  • 100 мл Масло
  • 7-8 Јајца

Состојки за шербет

  • 800 мл Вода
  • 1 кг Шеќер
  • 1/2 Лимун по желба мојт а и неморат

Начин на Приготвување

  1. Прво се почнува со правење на шербетот, во едно тенџере ставете ги водата и шеќерот на оган и мешајте да се снема шеќерот па кога че поне да вари кувајте го уште 5 минути, да се добие леплив шербет.

  2. Да се извади од оганот и да се додаде Лимунот ако тоа го сакате а и не мора
  3. Оставете го да олади Шербетот, pa ставете го во фрижидер да се лади додека ги припремате Тулумбите 

  4. Сега отпоцнете со правење на Тулумбите како прв чекор е да ставете во едно Тенџере вода и масло и оставете го да завари.

  5. Кога че завари смалете ја температурата и додајте го Брашното и промешајте и кувајте го. Мешајте цело време се додека со мешање не се добие тесто.

  6. Кога че олади уште млако почнете да го месите да добиете цврста топка тесто. После ова почнете да додавате јајца и да месите додавајте Јајца додека не добиете убаво тесто ни јако ни меко некогаш се доволни 6 некогаш 8 зависи од големината на јајцата и од Брашното.
  7. Во една широка и длабока посада Тава ставете го 1 литро Масло и загрејте го да биде млако. 
  8. Тестото ставете го во шприц за тесто и на крајот да биде звездаст наставакот,Истискајте од тестото во млакото масло и сечете ги по желба колкави сакате со ножици или нож.

  9. Печете ги и вртете ги додека добијат златна боја и вадете ги дирекно во претходно подготвениот Шербет кој треба да биде оладен.Во шербетот да отстојат 3 минути па вадетеги.
  10. Извадете го маслото од огнот и да одстои 10 до 15 минути да олади па во млако масло пофторете ја постапката се додека имате тесто.
  11. Тулумбите одозгора треба да бидат крцкави а внатре меки

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*