Сарма со Кисела зелка како од Мајками

Сарма со Кисела зелка како од Мајками

Есен е време кога сите во Македонија припремаат зимници па така сега се става и за Кисела зелка а ова е рецепт како од неа се прави највкусното јадење.

Состојки

  • 1 кг Јунешко мелено Месо
  • 1 Голема главица од кисела Зелка
  • 1 Кромид поголем
  • 3 чешнина Лук
  • 1 лажица Пипер
  • 150 гр Ориз
  • 50 гр Брашно
  • 1 Магданос
  • Бибер, Вегета
  • Магданос
  • Масло

Начин на Приготвување

  1. Најпрво исецкајте го Кромидот и ставете го во една поголема тава со масло да се динста и го сецкаме Лукот внатре во кромидот сето заедно го динстаме малку.

  2. Го додаваме исецканиот морков и динстаме и одма го додаваме меленото Јунешко месо   и малку вегета и бибер додаваме па целото го мешаме.

  3. Го чистиме Оризот и го миеме па го додаваме во месото, сипаме пипер црвен и магданос па целата смеса убаво ја динстаме да се соедини и ја вадиме од огнот малку да се олади.
  4. Додека се лади смесата ја земаме киселата Зелка и ги одвојуваме листовите и ги одмиваме за да ја извадиме солта да не биде пресолено, листовите да бидат убави големки за да може да се замотаат убаво затоа подобро имајте уште една главица резерва од киселата зелка.
  5. Кога смесате е малку оладена почнуваме да ги полниме листовите од зелката со лажица и ги мотаме убаво така да прво од двете страни се префрла над смесата па се мотаат за да не може  при кување да се растури. Така завитканите сарми ги ставаме во Тенџере да бидат збиени за да не се растураат, Претходно на дното од тенџерето ставаме насецкана зелка за да не ни се залепат сармите.

  6. Кога убаво че го наредиме тенџерето го наполнуваме со топла вода и сипаме пипер црвен па ставаме да се вари но при варењето да не се растураат сармите ставаме еден тањир наопаку превртен со кој ја притискаме сармата да не се растура тоа е пожелно да се прави почесто при кувањето да напоменам дека штом почне да зоврива ја намаламе температурата и оставаме 2 до 2,5 часа да се вари.
  7. Кога сармата е готова правиме запршка и го отстрануваме Тањирот па ја сипаме внатре Традициналната Македонска запршка и одозгора магданос па оставаме да се вари сармата со запршката 15 минути и тогаш сармата е спремна за сервирање.

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*