Сегедински Гулаш оригинален рецепт

 

Сегедински Гулаш оригинален рецепт

Состојки

  • 400 гр Кромид
  • 3 чешнина Лук
  • 3 Ловоров лист
  • 5 зрна Бибер
  • малку Ким
  • 1 кг Јунешко Месо
  • 1 кг кисела Зелка
  • пипер, сол, вегета и мелен Бибер

Начин на Приготвување

  1. Најпрво Месото исечете го на парчина коцки 1 цм на 1 цм и ставете го без масло на силен оган да се испржит од сите страни. Извадете го на фолиа и завиткајте го да не лади.
  2. Кромидат исечете го на кругови и ставете го да се динста во масло се додека не добие проѕирна боја. Додајте го Лукот и динстајте го да промириса. Додајте ја киселата Зелка која претходно сте ја исекле на парцина од 5мм додајте вегета, ловоров лист и пипер --убаво е малку да се одсоли во вода пред да ја исечите.

  3. Зелката да биде одсолена најдобро е да се стави во вода неколку сати пред тоа а и водата да ја промените неколку пати.
  4. Зелката динстајте ја малку заедно со кромидот и лукот и додајте го месото и малку црвен пипер па заедно промешајте го. Додајте врела вода иили супа од телешка коцка  Така оставете го да вари 40 минути со додавање на течност.

  5. При варењето не смее да има многу вода а ниту суво затоа треба да внимавате во тоа е и специјалноста на Сегединскиот гулаш. Сегединскиот гулаш е готов кога месото е варено а и зелката да омекне па извадете ја и оставете ја на топло покриена 1 цас пред да почне да сервирате

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento