Сличен рецепт на лазањи, но со свеш вкус од броколи.
Макарони со Броколи и мелено месо во фурна
Состојки
- 400 гр Макарони
- 300 гр мелено јунешко месо
- 1 Броколи
- 1 Пана за кување
- рендан пармигано
- рендана моцарела
- 1 кромид
- 1 морков
- 1 лажица пире од домати
- маслиново Масло
- 1 чешне лук
- кесичка додаток за Броколи со макарони
- сол вегета бибер и малку пипер црвен
Начин на Приготвување
-
Најпрво Броколите исецкајте ги и ставете ги во ладна солена вода да отстојат 10 минути па убаво исплакнете ги. ставете ги во тенгере со малку вода и вегета да провриат околу 5 минути.
-
Исецкајте ги Кромидот Морковот и лукот, во една поголема тава ставете маслиново масло и додадете го најпрво лукот да земе мирис со маслиновото масло па додадете ги кромидот и морковот па малку да продинстајте и одма додадете го меленото месо па сето убаво промешајте го да се добе еднаквост. Додадете ги и броколите. А кесичката со прашак за броколи промешајте ја со 2 деци вода и неја додадете ја во месото па на крај додадете и една лажица пире од домати.
-
Во мегувреме ставете во едно тенгре вода да зоврие и ставете во неа една лажица сол па штом проврие ставете ги Макароните да провриат околу 5 минути да не бидат доварени па извадете ги малку да оладат.
-
Земете една огнеотпорна тепција дал од керамика или стаклена па убаво премачкајте ја со путер или масло па сипајте половина од морковите па сипајте пана одозгора и стаевете го меленото месо со броколи па сипајте малку рендан пармиган и моцарела, повторно сипајте ги одозгора останатата половина на макароните одозгора повторно сипајте доста пармиган и моцарела а може и било кој кашкавал
-
Ставете го вака приготвеното јадење ставете го во фурна на 200 степени околу 30 минути послужете го одма и повторно можете одозгора да изрендате пармиган
Please follow and like us: