Мусака со лозови лисја
Мусака со лозови лисја наместо Сарма затоа што е полесно за припрема
Состојки
- 30 Лозови листови
- 500 гр Мелено Месо
- 2 Јајца
- 50 гр Ориз
- 2 дл Млеко
- 1 Кромид поголем
- 1 дл Масло
- 1 Сол,Вегета,Бибер,Пипер
- 1 Морков
Начин на Приготвување
-
Листовите измијте ги и осушете ги па поделете ги на три дела
-
Кромидот исецкајте го ситно,Оризот измијте го и исцедете го ,Морковот исецкајте го. Ставете една поголема тава на рерна и подгрејте ја додате го кромидот и динстајте па додадете го морковот цело време помалку динстајте да засвети кромидот па додадете го меленото Месо и оризот па посолете го и додајте вегета бибер и пипер. Мешајте добро да се соединат сите состојки и да се добие компактна смеса.
-
Земете еден огнеотпорен стаклен сад тепција или земјена може и плех, подмачкајте ја со путер а може и само со масло. Одоздола прво поредете ги првите 10 листови а на нив ставете половина од смесата со месо па покријте ги со другите 10 листови и додадете ја другата половина од смесата. Одозгора повторно завршувате со третите 10 листови. Јајцата изматете ги со вилушка додате млеко посолете ја смесата измешајте ја убаво и посипајте ја одозгора на листовите.
-
Вака приготвената мусака прекријте ја со алуминска фолија и печете ја нешто повејче од половина час, потоа отцкријте ја отстранете ја алу фолијата и оставете ја да се подпече.
-
ова јадење послужете го со кисело млеко
Please follow and like us: