Тестенини (паста) со Авокадо и Туна

 

Време за готвење 20 minuti
Време за Кувагње 10 minuti
Тотално време 30 minuti
Порции 4

Тестенини (паста) со Авокадо и Туна

Еве еден рецепт кој е многу интересен и понов кој доајга од Италија '( Дона модерна или по наше модерна жена)

Состојки

  • 1 кромид
  • пола лажичка оригано
  • 2 Патлиџани--Домати
  • 1 лимун
  • 1 Авокадо
  • 320 гр тестенини
  • 150 гр Туна во масло ( една конзерва)
  • сол
  • бибер
  • чили-луто-по желба
  • Маслиново масло

Начин на Приготвување

  1. Во едно тенѓере ставете вода со сол да зоврие и додадете ги тестенините да се куваат кувајте ги 1 минута помалку од предвиденото на конфекцијата. Исцедете ги и оладете ги под вода ладна. И истурете ги на една сува крпа да се осушат па ставете ги во еден сад со 2 лажици Маслиново масло и промешајте но тестенините да останат одвоени. 

  2. Сега спремете го Авокадото пресечете го наполовина и извадете го коскеното топче од стредината па пресечете ги на ситно па ставете ги во садот заедно со тестенините  и додадете лимонов сок кој сте го процедиле,

  3. измијте ги доматите и исечете ги на ситно па и нив исцедете ги во садот 
  4. Кромидот исто така на ситно исецкајте го па ставете го во садот , Туната треба да ја проситните па и неја да ја додадете и одозгора убаво е да изрендате од корупката на лимончето.
  5. Додадете во садот уште 2/3 лажици Маслиново масло ,еден прстофат бибер и еден прстофат оригано,тука можете да додадете и малку чили за оние кои се љубители на луто. Сето тоа да се промеша убаво во садот за да се добие една убава смеса но внимателно да не бидат тестенините згмечени па сервирајте го ова вкусно јадење кое брзо се приготвува .. наздравје.

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento