Македонски рецепт за Макало
Состојки
- 6 Суви Пиперки ( по желба слатки или лути)
- 4 Компири
- 5 чешнина Лук
- Масло
- Путер
- Сол и Бибер
Начин на Приготвување
-
Да се земе еден Аван за толчење и да се стави прво Лукот со малку сол па да се иступа со тупалото
-
пиперките малку да се подварат и да се олупат да се ивади само меснатиот дел и да се стави во аванот па повторно да се иступа.
-
Компирите да се сварат и да се изгнечат убаво па да се додадат и тој во Аванот сето да се измеша и да се додаде путерт(маслац) масло и бибер сето добро да се измеша па готово е за служење.
-
Ова Макало може да се служи со секое јадење а идеално е за со печено месо на скара.
Please follow and like us: