Рецепт за Тулумби
Тулумбите се дојдени Во Македонија многу одамна некои веруваат уште пред Турците но сепак тие најдобри тулумби прават и секогаш се присутни на нивните трпези. Еве овде еден рецепт како да направите вистински Тулумби како во слаткарница.
Состојки
- 500 мл Вода
- 500 гр Меко Брашно
- 100 мл Масло
- 7-8 Јајца
Состојки за шербет
- 800 мл Вода
- 1 кг Шеќер
- 1/2 Лимун по желба мојт а и неморат
Начин на Приготвување
-
Прво се почнува со правење на шербетот, во едно тенџере ставете ги водата и шеќерот на оган и мешајте да се снема шеќерот па кога че поне да вари кувајте го уште 5 минути, да се добие леплив шербет.
-
Да се извади од оганот и да се додаде Лимунот ако тоа го сакате а и не мора
-
Оставете го да олади Шербетот, pa ставете го во фрижидер да се лади додека ги припремате Тулумбите
-
Сега отпоцнете со правење на Тулумбите како прв чекор е да ставете во едно Тенџере вода и масло и оставете го да завари.
-
Кога че завари смалете ја температурата и додајте го Брашното и промешајте и кувајте го. Мешајте цело време се додека со мешање не се добие тесто.
-
Кога че олади уште млако почнете да го месите да добиете цврста топка тесто. После ова почнете да додавате јајца и да месите додавајте Јајца додека не добиете убаво тесто ни јако ни меко некогаш се доволни 6 некогаш 8 зависи од големината на јајцата и од Брашното.
-
Во една широка и длабока посада Тава ставете го 1 литро Масло и загрејте го да биде млако.
-
Тестото ставете го во шприц за тесто и на крајот да биде звездаст наставакот,Истискајте од тестото во млакото масло и сечете ги по желба колкави сакате со ножици или нож.
-
Печете ги и вртете ги додека добијат златна боја и вадете ги дирекно во претходно подготвениот Шербет кој треба да биде оладен.Во шербетот да отстојат 3 минути па вадетеги.
-
Извадете го маслото од огнот и да одстои 10 до 15 минути да олади па во млако масло пофторете ја постапката се додека имате тесто.
-
Тулумбите одозгора треба да бидат крцкави а внатре меки
Please follow and like us: