Јуфки со Рагу Италијански рецепт

Јуфки со Рагу Италијански рецепт

Порции 4

Состојки

  • 300 гр Брашно
  • 4 Јајца
  • 300 гр Мелено месо
  • 1 Кромид
  • 50 гр Буро
  • 1 Морков
  • 1 чешне лук
  • 30 гр магданос
  • 1‘конзерва 800гр Домати лупени
  • 300 гр супинателешка вода од коцка за супи

Начин на Приготвување

  1. Најпрво поставете го Брашното на рамна површина и направете насредина дупка, скршете ги јајцата насредина на брашното малку сол и почнете да го месите тестото. Кога че добиете убаво тесто земете сукало, оклагиа и посучете една губа и сипајте брашно за да не се лепи, Посучената губа замотајте ја и почнете да сечете јуфки по ваша желба некој сака пошироки некој потесни . Кога се пресечени распростете ги јуфките и нека отстојат малку.

  2. Додека јуфките отстојат спремете го Рагуто. Исецкајте ги кромидот, лукот, морковот и Магданосот сето тоа ставете го во тава со претходно загреано малку маслиново масло и буро. Додајте го меленото месо и сето заедно промешајте го да добиете еднаквост. Додајте ја супината вода и оставете да проврие па додајте ги доматите од конзерва. Сето тоа оставете го да се вари и воедно посолете го, нека се вари 45 минути на тивко.

  3. Во едно тенѓере зовријте вода со сол и ставете ги јуфките да се варат..Затоа што се овие свежи јуфки доволно е 5 минути да се варат.Потоа исцедете ги и по желба промешајте ги со Рагуто или можете да ги сервирате најпрво јувките и одозгора рагу. Наздравје

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento