Паста со црн патлиџан во фурна

Паста со модар патлиџан во фурна

Состојки

  • 300 гр паста , макарони
  • 2 модри патлиџани
  • 2по 180гр теглина рагу
  • 150 гр изворка солена
  • 1 кромид
  • 1 чешне лукче
  • басилико
  • сол и бибер

Начин на Приготвување

  1. Најпрво добро измијте ги патлиџаните и исецкајте ги на четвртасти парчина околу 2цм квадратни. Во една тава загрејте малку буро и додајте масло па одма и патлиџаните и динстајте го. Кромидот исецкајте го и додајте го во тавата заедно динстајте ги. Кога патлиџанот омекне додајте малку вода и регулирајте за сол и додајте бибер, па така кувајте 15 минути/

  2. Во едно тенѓере зоврите вода со доста сол па внатре сипајте ги Макароните да зовриат само колу да омекне одозгора 5 минути, исцедете ги и додајте ги во тавата со патлиџаните.

  3. Теглите со рагу сипајте ги во друга тава со малку масло и подгрејтего па додате го во тавата со другите состојки и сето добро промешајте го.

  4. Сега земете едан огнеотпорна стаклена посада за печење подмачкајте ја со маслиново масло и сипајте четвртина од смесата и одозгора ставете од изворката убаво распоредете ја, додајте друга четвртина од смесата и исто од изворката, истото направетего и со третата четвртина. Одозгора можете и малку рендан кашкавал да додадете.

  5. Ставете ја посадата во загрена ренгла на 200 степени и печете 15 минути.

  6. Потоа извадете ја и оставете 10 минути да олади и сервирајте ја оваа вкусна ПАСТА. наздравје

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento