Полнети пиперки стар рецепт наречен полнети опинци

Полнети пиперки стар рецепт наречен полнети опинци

Состојки

  • 6 Црвени Пиперки
  • Масло и сол за подмачкување
  • 2 Јајца
  • 100 гр Мелено месо
  • сол,бибер,магданос
  • 50 гр кашкавал
  • 2 патлиџани//домати

Начин на Приготвување

  1. Измијте ги добро пиперките и осушете ги, пресечете ги надолжно на пола и очистете ги сменките. Припремете го маслото и солта за премаз па премачкајте ги и поставете ги во садот за печење.

  2. Припремете ја сега смесата за полнење. во еден подлабок сад изматете ги јајцата со жица, додајте ги зачините и мешајте.

  3. Меленото месо накратко испржете го и додајте го кај смесата и мешајте. Кашкавалот изрендајте го внатре во смесата и исто додајте сирење изрендано. Сето тоа се меша и пажливо се става во пиперките па ставете ги во претходно загреана рерна на 180 степени печете ги 20 минути. После покачете ја температурата на 220 и изгасете го долниот грејач. Така печете ги уште 10 минути а пред крај ставете на секоја пиперка парчина од патлиџан.

  4. ова јадење можете веднаш да го послужите брзо се лади..Брзо се приготвува и е преукусно јадење

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento