Измијте ги добро пиперките и осушете ги, пресечете ги надолжно на пола и очистете ги сменките. Припремете го маслото и солта за премаз па премачкајте ги и поставете ги во садот за печење.
Припремете ја сега смесата за полнење. во еден подлабок сад изматете ги јајцата со жица, додајте ги зачините и мешајте.
Меленото месо накратко испржете го и додајте го кај смесата и мешајте. Кашкавалот изрендајте го внатре во смесата и исто додајте сирење изрендано. Сето тоа се меша и пажливо се става во пиперките па ставете ги во претходно загреана рерна на 180 степени печете ги 20 минути. После покачете ја температурата на 220 и изгасете го долниот грејач. Така печете ги уште 10 минути а пред крај ставете на секоја пиперка парчина од патлиџан.
ова јадење можете веднаш да го послужите брзо се лади..Брзо се приготвува и е преукусно јадење