Најпрво добро измијте ги патлиџаните и исецкајте ги на четвртасти парчина околу 2цм квадратни. Во една тава загрејте малку буро и додајте масло па одма и патлиџаните и динстајте го. Кромидот исецкајте го и додајте го во тавата заедно динстајте ги. Кога патлиџанот омекне додајте малку вода и регулирајте за сол и додајте бибер, па така кувајте 15 минути/
Во едно тенѓере зоврите вода со доста сол па внатре сипајте ги Макароните да зовриат само колу да омекне одозгора 5 минути, исцедете ги и додајте ги во тавата со патлиџаните.
Теглите со рагу сипајте ги во друга тава со малку масло и подгрејтего па додате го во тавата со другите состојки и сето добро промешајте го.
Сега земете едан огнеотпорна стаклена посада за печење подмачкајте ја со маслиново масло и сипајте четвртина од смесата и одозгора ставете од изворката убаво распоредете ја, додајте друга четвртина од смесата и исто од изворката, истото направетего и со третата четвртина. Одозгора можете и малку рендан кашкавал да додадете.
Ставете ја посадата во загрена ренгла на 200 степени и печете 15 минути.
Потоа извадете ја и оставете 10 минути да олади и сервирајте ја оваа вкусна ПАСТА. наздравје