Чорба од Ориз со Спанаќ и бело Пилешко месо

Чорба од Ориз со Спанаќ и бело Пилешко месо

Порции 5

Состојки

  • 500 гр Спанаќ
  • 400 гр Пилешко бело месо
  • 1 чаша Ориз
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • сол,вегета,бибер
  • Масло

Начин на Приготвување

  1. Најпрво убаво измијте го Спанаќот и оставете го да се цеди .

  2. Кромидот исецкајте го и сипајте го во еден подлабок сад за варење заедно со маслото убаво е ако имате маслиновомасло. Истото направете го и со морковот. Белото пилешко месо исецкајте го на коцкести парчина околу 2 цм .

  3. Тнеџерето со кромидот и морковот ставете го на оган може да биде јачина 3 и динстајте го да омекне малку па додадете го месото и динстајте го да се соедини но намелете ја температурата на двојка и оставете го покриено со капак да се испржи. Со самото варење на тивко месото испушта вода и така поубаво се пржи со сопствените вкусови. Штом водата почне да се смалува додате го оризот и динстајте неколку минути да не ви загори па додадете врела вода. Може да припремите од коцка супа врела вода 2 чаши, сол и вегета. Па варете го на тивко 20 минути пред да го додадете Спанаќот. Исто пред да го додадете Спанаќот да се прекрие смесата 2цм со врела вода.

  4. Спанаќот исецкајте го и сипајте го во Тенѓерето кое однапред ви напоменав да биде доста длабоко за да го собере спанакот. Штом го ставивте Спанаќот покријте го со поклопец и смалете ја температурата на 1,5 да може спанаќот да се стопи и да ја испушти својата вода која дава убав вкус и многу енергенси за нашиот организам. Па отука се вели дека Спанаќот е исто како допинг за спортистите па затоа и нам ни дава многу енергија.

  5. Штом Спанаќот се стопи промешајте го убаво со другите состојки да се соединат.

  6. Нетреба да чекате многу така да одма штом промешате спремете Македонска запршка и сипајте ја во Тенѓерето малку нежно прмешајте, нека се повари на температура 2 на шпоретот околу 10 минути па извадете го и оставете малку отворено Тенѓерето за да олади пред да го сервирате. Некој во ова јадење кога е сервирано во тањир додава малку кисело мелко но тоа зависи од вашите вкусови и желби

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento