Ролат од Мелено Месо со Спанаќ

Ролат од Мелено Месо со Спанаќ

Време за готвење 25 minuti
Време за Кувагње 45 minuti
Порции 4

Состојки

  • 600 гр Мелено Месо
  • 400 гр Спанаќ
  • 150 гр Кашкавал
  • 2 Јајца
  • 20 гр гр лебни трошки
  • 100 гр леб
  • 1 врзанка магданос
  • 2 Лук
  • Масло
  • сол,бибер,вегета
  • 100 гр пармиган рендан

Начин на Приготвување

  1. Најпрво добро измијте го спанаќот ,во една тава ставете малку масло и двете лукчина не пресечени додадете го спанаќот и динстајте 4 минути колку да се смекне спанаќот и извадете ги лукчината па оставете да олади.

  2. Во еден пластичен поголем сад ставете го меленото месо и додадете ги јајцата, иситнете го лебот внатре,додадете го пармиганот изрендан, додадете го и магданосот исецкан,сол, вегета и бибер па заместе го добро со рака да се соединат сите состојки.

  3. На една хартија за кување истурете го измесеното месо и направете една губа подебела. На спанаќот додадете ги лебните трошки и посипајте го над месото а одозгора на спанаќот додадете го кашкавалот иситкан на коцкички.Сега почнете да виткате ролат ама полека и пажливо помагајте се со хартијата. Ставете го роладот во огнеотпорен сад за пеќење и сето тоа ставете го во фрижидер да се зацврст половина час.

  4. Загрејте ја ренглата на 180 степени, извадете го роладот и посипајте го со масло па ставете го 45 минути, но кога че поцрвене ставете алуфолија да не изгори одозгора. Кога е готово извадете го и оставете го 20 минути да олади за да можете да го пресчете на парченца за послужување без да се растура.

  5. Како додаток на ова јадење можете да послужите: Пржени компири, Ориз а може и едноставно зелена салата.

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento